Дали некој испраќа порака од далечна галаксија?

glaksija.jpg

Неодамна откриени, овие сигнали претставуваат сигнали на енергија кои траат неколку милисекунди, но генерираат енергија колку 500 милиони Сонца. Инаку, откриени се помалку од 20 FRB сигнали за кои научниците не биле сигурни што или кој ги предизвикал – сè до сега.

Користејќи глобална мрежа од моќни телескопи, тим астрономи конечно успеал да го лоцира изворот на еден од овие сигнали, со шифра FRB 121102.

Овој сигнал бил откриен пред 2 години од Шами Шантерје и неговите колеги од одделот за астрономија при универзитетот во Корнел, а специфичен е по тоа што неколку пати бил повторуван – што значело дека мора да постои некој механизам способен да го повторува, и дека не се работи за сигнал предизвикан од судар на две неутронски ѕвезди.

Тимот астрономи го лоцирал изворот на сигналот во центарот на џуџе-галаксија која се наоѓа на околу три милијарди светлосни години далечина од Земјата, а една од причините за неговото настанување може да биде случка поврзана со еволуцијата на Универзумот, од пред 3 милијарди години кога тој не бил идентичен како што е сега, или можеби доаѓа од некоја црна дупка.
Во секој случај, потребни се дополнителни испитувања, а што повеќе информации се дознаваат за сигналот, толку повеќе ќе се продлабочува нашето познавање на Универзумот во кој што живееме.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail