Дали поради телефоните го губиме видот?

vid.jpg

Во последната деценија се поголем е бројот на краковидните луѓе, а Ендрју Бастроус од Велика Бриганија смета дека за тоа виновни се екраните во кои секојдневно гледаме.

Кратковидност аможе да доведе и до опасни пореметувања како глаукоми и одвојување на ретината.

Растот на очното јаболко обично се успорува во доцниот тинејџерски период и тогаш целосно престанува. Меѓутоа, кај новите генерации растот продолжува и тој тренд се забележува ширум светот, а особено во Азија – вели Бастроус.

Според една теорија, луѓето повеќе читаат одблизу, поради постојаната употреба на мобилни телефони, што доведува до развој на миоплија. Меѓутоа, постојат докази дека оваа промена се случува премногу брзо, за да би била последица од факторот опкружување или пак генетика.

Бастроус објаснува дека луѓет премногу време минуваат со екраните, поретко се надвор и помалку се изложени на ултравиолетовата светлина.

Многу луѓе повеќе не минуваат време гледајќи во ѕвездите или планините, туку пред себе во екраните – додава тој.

Неговото мислење е потврдено и со студијата на Кралскиот колеџ во Лондон од 2015 година кое ја испитално можноста од поврзаноста на употребата на компјутери и телефони и растот на бројот на кратковидните лица.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail