191381-681x511.jpg

Една неодамнешна студија спроведена од страна на тим на научници од јапонскиот универзитет Осака и германскиот институт Макс Планк го разубедија нашето неодамнешно познавање на когнитивните способности на рибите.

Имено, препознавањето на својот лик во огледалото е нешто што во животинскиот свет само цицачите и птиците го можат. Сепак, малите риби чистачи се исто дел од овој ексклузивен тим.

Направен е класичен визуелен тест за самопрепознавање, таканаречен mirror self-recognition test. Обично на субјектот се става некаков знак кога се изложуваат на гледање на сопствениот одраз во огледало, а потоа им се следи реакцијата.

Лидерот на студијата, Масанори Кохда и неговиот тим поставиле огледала во 10 резервоари, а во секој од нив се наоѓала по една риба – чистач. Поголемиот дел од рибите после изложувањето, набрзина избегале од огледалото.

Следниот чекор бил добивање на некаква трага на своето тело. Тоа биле обоени гумени линии на грлото кои истите можеле да ги видат само во огледало. Кога ги здогледале, почнале да се обидуваат да се ослободат од тие непознати траги, бришејќи се од површината на резервоарот.

Гордон Галуп, еволутивен психолог од Државниот универзитет во Њујорк (кој го дизајнирал овој познат тест), смета дека тестот не докажува дека овие риби се свесни за себе.

“Постојат само три вида за кои имаме експериментални и изводливи докази за самопознавање во огледало, а тоа се шимпанзата, орангутаните и луѓето”, вели Галуп.

Тој објаснува дека можеби трагите на вратот на рибите кои се тестирале им личеле на ектопаразити за кои знаеме дека чистачите се опседнати со овие организми. Како алтернативно објаснување, тврди дека чистачите едноставно реагирале на друга риба, охрабрувајќи се да се ослободи од паразитот.

Тој сепак им дава признание на научниците за трудот во кој инвестирале и време и финансии. Додава и дека доколку овие риби се свесни за себе, тој би бил апсолутно изненаден.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail