krater.jpg

Научниците пронајдоа докази на крајбрежјето на шкотските карпи во камените остатоци кои настанале поради огромен удар. Научниците сметаат дека дошло време за целосен геофизички преглед на Минч за да се открие дали шкотскиот мореуз крие древен метеорски кратер.

Идејата за тоа дали таква структура се наоѓа помеѓу западниот остров и копното на Шкотска, првпат е спомната во 2008-та година.

Тимот од Универзитетите на Оксфорд и Абердин веруваат дека можат да одредат каде паднал вселенскиот објект на Земјата.

Уредниците на списанието „Геолошко друштво“, д-р Кен Амор и неговите колеги велат дека таа локација е сместена на околу 15 до 20 километри западно и северо-западно од заливот Енард – на дел од патот преку Минч кон Сторновеј во Надворешните Хебриди.

Објектот би бил закопан длабоко под морското дно, додаваат тие. Тоа е интригантна перспектива, пишуваат од Би-би-си.

Досега доказите објаснуваат дека тоа се случило пред околу 1.2 милијарди години кога континентите изгледале многу поразлично од сегашните , а животот на нашата планета постоел само во океаните.

Клучниот доказ кој го потврдува тоа е групата на црвенкасти карпи на источната страна од Минч.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail