Дали трендот со консумирање активен јаглен е навистина здрава навика?

jaglen.jpg

Досега сигурно сте виделе многу трендови на суплементи за детоксикација. Исто како и модата и тие често се менуваат. Од најразлични тревки до аминокиселини и антиоксиданси, во последно време во тренд е активниот јаглен и веќе наоѓа примена насекаде.

Активниот јаглен најчесто се користи во болница за да се лекува тровање од храна или предозирање од лекови. Неговата улога е во тоа што им прави стапица на штетните хемикалии и не им дозволува да бидат апсорбирани од гастроинтестиналниот тракт во крвта.

Така некои ентузијасти за здравје, измислиле дека ако активниот јаглен може да ги собира опасните супстанци, тогаш треба да се користи како рутински начин на чистење на телото од токсини (како пестициди и хемикалии од пакувањето на храната) на кои што сме секојдневно изложени.

Активниот јаглен е премногу искомерцијализиран. Се појавува во форма на сокови, вода, лимонада, секакви џусеви за детоксикација па дури и во форма на сладолед. Исто така постојат многу суплементи кои можете да ги купите во сите аптеки, кои ветуваат дека ќе ви помогнат со подуеност па дури и за избелување на вашите заби.

За жал не е толку едноставно и безопасно:

Активниот јаглен може да се врзе и за корисните супстанци

Активниот јаглен не прави разлика помеѓу сакани и несакани супстанци. Тоа значи дека може да се врзе и за нутритивни супстанци, вклучувајќи ги витамините Б и Ц, како и други диететски суплементи и лекови, со тоа што ќе им оневозможи да стигнат до крвта. На пример, ако го пиете во форма на џус, може да го направи џусот многу понездрав.

dali-trendot-so-aktiven-jaglen-e-navistina-zdrava-navika-3

Најважното нешто кое треба да го запомните кога станува збор за детоксикација е дека вашето тело има црн дроб, бубрези, бели дробови и дигестивен систем, кои работат по цел ден да ги исполнат тие функции на детоксикација.

Ако сакате да им помогнете, најдоброто нешто што можете да го направите е да пиете многу вода, да јадете храна што природно ја зголемува способноста на вашето тело да се ослободи од штетни супстанци како грав, ѓумбир, куркума и зеленчуци како брокула, зелка, карфиол и слично. Избегнувајте вештачки додатоци и процесирана храна.

Активниот јаглен може да ви наштети на дигестијата

Користењете на активен јаглен за да ни помогне со подуеноста не е добро истражена, а и резултати од истражувањата се конфликтирачки. Меѓутоа досега се знае дека несаканите ефекти можат да бидат повраќање, вртоглавица и запек.

Исто така е познато дека активниот јаглен може да го забави движењето на храната низ дигестивниот систем и може да доведе до појава на воспаление на дебелото црево ако се користи во прекумерност. Со други зборови, не се знае точно како може да ви влијае на вас индивидуално.

Не се знае која е сигурната доза

Поради тоа што сеуште не се знаат ефектите од користење на активен јаглен на подолго време, не е кажано со сигурност која е оптималната доза која е сигурна за користење.

dali-trendot-so-aktiven-jaglen-e-navistina-zdrava-navika-2

Иако можеби ви изгледа потребно и важно во моментот, можете да си правите штета на организмот за која сеуште не сте свесни дека постои. Досега многу доктори го користеле во итни случаи, но сè уште не е сигурно самите да си го препишете како домашен лек или како секојдневна фитнес рутина.

 

Извор: crnobelo.com

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail