dali-vashata-lozinka-treba-da-sodrzhi-prazni-mesta-768x512.jpg

Хакирањето е резултат на постапка при која хакерите се обидуваат да ја погодат вашата лозинка врз основа на информациите што ги извлекле од пораките, од профилите на корисниците и од другите јавно достапни информации. Тие најчесто се успешни во ова, главно поради човечка грешка што може многу лесно да се спречи.

Хакерите се сè повешти во следењето и во разменувањето на украдените лозинки поради што превенцијата е поважна од кога и да било порано. Еве неколку совети како да им ја отежните работата.

Лозинката што се состои од само еден збор не е доволна. Треба да смислите израз составен од неколку зборови и карактери вклучувајќи и празни места. Колку подолго и посложено, толку подобро. Вашата лозинка треба да се состои од најмалку четири збора, а одлично би било ако содржи пет.

Фејсбук, Гугл и другите поголеми Интернет-сервиси без проблем ги прифаќаат празните места во лозинката.

Подобро е да користите изрази отколку зборови затоа што така им е потешко на хакерите да ги погодат. Исто така, и вам ќе ви биде полесно да запомните еден израз отколку серија случајни букви, броеви и знаци.

Но, дури и ако користите изрази, важно е редовно да ги менувате и да не ги користите истите лозинки на различни профили и сметки.

извор: Ксфепауза

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail