Дали вештачката интелигенција ќе го надмине човекот?

thinkstockphotos-647133738-640x382.jpg

Денес, интеграцијата на луѓе и роботи е непобитен факт. Но вата студија тврди дека постојат 50 отсто шанси дека вештачката интелигенција или роботите ќе ги надвладеат луѓето за 45 години, или до 2060та година. Овој заклучок се темели на истражување во кое учествувале повеќе од 350 експерти за вештачка интелигенција.

Тоа е така затоа што се очекува вештачката интелигенција порано да успее да ги совлада бројните интелектуални активности и наредби. До 2024та година, на пример, вештачката интелигенција би можела да биде подобра од луѓето во преведување од еден на друг јазик. До 2026та би можела да биде подобра во правење на универзитетски есеи, а до 2027ма, може да биде подобра и во возење на камиони.

Вештачката интелигенција или роботите би можеле да почнат да работат во трговија до 2031ва година. До 2049та би пишувале бестселери, а до 2053та веќе автономно ќе вршат оперативни зафати. Учесниците во испитувањето веруваат дека за 120 години, сите човечки задачи ќе бидат автоматизирани.

Резултатот очигледно има далекусежни социјални последици – вели Катја Грејс од Институтот за истражување на роботска интелигенција во Беркли, Калифорнија. И покрај тоа што се убедени дека вештачката интелигенција ќе ги надмине луѓето, постојат 5% шанси дека компјутерите ќе добедат до уништување на луѓето. Убедени се дека луѓето и натаму ќе бидат присутни за да ги решаваат идните проблеми со вештачката интелигенција.

“Постојат растечки докази дека вештачката интелигенција ќе ги надмине луѓето во комплексни или специфични задачи, но нема многу докази дека во блиска иднина ќе се појави вештачка интелигенција со човечка флексибилност.”, вели Елени Василаки од Универзитетот Шефилд.

Денес постојат доста кориснички интерфејс системи кои со леснотија ги надминуваат луѓето, но се добри за само еден вид на задачи. Во се останато се целосно бескорисни, освен ако одново не се подесат од нула.

извор: enauka.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail