Дали живееме во огромна вселенска „дупка“

1-misterios-cientificos-640x360.jpg

Кога вселената би се претставила како парче швајцарско сирење, со многу дупки, нашата галаксија – Млечниот пат би се наоѓал во една од тие дупки, а Земјата би била длабоко во тој празен простор.

Ова е теоријата која доаѓа од истражувачите од Универзитет во Висконскин – Медисон, кои неколку години го проучуваат празниот простор во нашето соседство. Една студија од 2013 година покажала дека регионот што се наоѓа околу нашата галаксија има далеку помалку галаксии, ѕвезди, планети и црни дупки, отколку во останатиот дел од Универзумот.

Според истражувачите оваа вселенака празнина има радиус од околу една милијарда светлосни години, што претставува една од најголемите празнини во Универзумот досега познати на науката.

Добиените податоци воедно би можеле да ги објаснат различните податоци што се добиваат во врска со ширење на Универзумот.

Наодите од истражувањето се презентирани на научната конференција на Американското астрономско здужение во Остин, Тексас.

извор: enauka.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail