Дали знаете дека некои испити го менуваат однесувањето на студентите?

ed56e243-resize-781x0x100.jpg

Според најновите истражувања кои ги правеле Ерик Швитзгебел, Брадфорд Цоклет и Петер Сингер филозофските испити може да го менуваат однесувањето на студентите. Истражувањето е направено на 1143 студенти на додипломски студии на факултетот „UC Riverside“. Студентите биле поделени во две групи во која едната дебатирала за јадењето на месо, додека другата обработувала тема за хуманитарни цели. Првата група истакнала дека е нормално да се јаде месо од животни од индустриска фарма. Исто така покажале дека почнале да консумираат помалку месо.

Еден од авторите, Цоклет, на почетокот бил скептичен во врска со резултатите – мислел дека нема дојде до промена кај студентите.

Тој претпоставивил дека неколку студенти ќе престнаат да јадат месо. Како што вели, не станале сите вегетеријанци, но голем број на студенти престанале да јадат месо.

Освен тоа, Швитгебел во 2016 година објави труд The Moral Behavior of Ethicists and the Role of the Philosopher во заклучува како аргументацијата нема улога важна улога кога се работи за промена за однесувањето.

Како што истакнуваат авторите на новото истражување, не постојат релевантни истражувања кои испитуваат ефективноста на универзитетските предмети и нивното влијание врз студентите. Покрај тоа што дошло до промена на однесувањето, по дебатата на последната тема, тоа однесувањето останало следните два месеци во кои била следена храната кои ја конзумираат студентите. Цоклет изјавил дека позитивно е изненаден од овие резултети, пред се затоа што студентите го промениле мислењето за одредена тема, а потоа го модифицирале своето однесување.

Иако резултатите се позитивни, Цоклет истакна дека не секогаш аргументацијата може да влијае на туѓето однесување.

„Дури и ако луѓето го променат мислењето нема да го променат она што го мислат“ изјави тој.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail