kaf.jpg

Многумина од нас ја обожуваат свежата арома на првото утринско кафе. Овој пијалок стана дел од секојдневниот живот скоро во секој дел од светот. Сепак, кафето не се троши рамномерно насекаде на земјината топка. Дали знаете каде се пие најмногу кафе?

Можеби ќе ви звучи изненадувачки, но најмногу кафе се конзумира на север од Европа. Поточно, рекордот го држат Финците кои консумираат 12 килограми кафе по жител годишно. По нив следува Норвешка со 9,9 кг и Исланд со 9 килограми. Следуваат Данска, Холандија, Шведска. Од земјите во нашето опкружување, Босна и Херцеговина е на прво место во регионот со потрошувачка од 6,2 кг и на 11-то место во светот, Словенија е на 15-то место. Единствените земји кои се рангирани помеѓу првите 20, а не се од Европа се Канада на 10-то и Бразил на 14-то место.

извор: гостиварпресс

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail