Дали знаете што е мизофонија !?

20170208-dali-znaete-shto-e-mizofonija-m.jpg
Мизофонијата или синдром на селективна чувствителност на звучни дразби е состојба во која определени звуци во голема мерка влијаат врз однесувањето на човекот, предизвикувајќи нервоза, иритираност, гадење, а во екстремни случаи и насилство.

Состојбата која се нарекува мизофонија е многу покомплексна од едноставна „омраза кон одредени звуци“. Звукот кој предизвикува реакција варира од лице до лице, но оние кои страдаат од ваков синдром, чувствуваат сериозни симптоми.

Британските научници откриваат дека оваа состојба има реална биолошка основа и дека е многу повеќе од едноставна раздразливост. Скенирањето на мозокот покажува дека кај  лицата на кои звуците на жвакање, дишење и слично им се неподносливи, имаат аномалии на мозокот.

Истражувачите од Универзитетот Њукасл кај луѓето кои страдаат од мизофонија  пронашле разлика во фронталниот дел од мозокот, што сугерира дека оваа состојба, за која во минатото медицинските работници покажувале скепса, е навистина реална. Тие исто така откриле дека овие лица доживуваат забрзана работа на срцето и прекумерно потење кога ги слушаат иритирачките звуци.

Авторите на студијата наведуваат дека причината за ова  е „механизмот за емоционална контрола“ кој предизвикува нивниот мозок да работи со петта брзина кога слушаат звуци кои ги раздразнуваат.

„Оваа студија покажува критични промени на мозокот кои се доказ дека мизофонијата е вистинско нарушување“, вели доктор Сукбиндер Кумар од Институтот за невронаука при Универзитетот Њукасл.

Професорот по когнитивна психологија, Тим Грифитс, изразува надеж дека оваа студија ќе им помогне на лицата со вакво пореметување.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail