Дали знаете зошто припадниците на сите религии украсуваат новогодишна елка

20161230-dali-znaete-zoshto-pripadnicite-na-site-religii-ukrasuvaat-novogodishna-elka-m.jpg
Украсувањето елка почнало на територијата на Германија, кога за Божиќ во средниот век елката се китела со црвени јаболка, а на запад во денешна Германија – со колачиња во различни форми и свеќички што го симболизирале Исус како вечна светлина.

Во наредните векови овој обичај се раширил низ целиот Стар континент, а првата елка во Англија украсена со бонбони, хартиени цвеќиња, машнички и мали подарочиња се појавила во 1841 година.

Најпрво украсувањето дрво било поврзано со повисоката класа, но набрзо сите го прифатиле овој обичај.

Доселениците од Германија го пренеле обичајот во Америка, а за новогодишната елка Азија дознала од мисионерите.

Меѓутоа, постојат бројни теории за тоа од кој точно обичај потекнува китењето елка. Најчесто се поврзува со симболот на дрвото во обредите пред појавата на христијанството, особено за приказната за Донаровиот даб, стебло кое древното германско племе Хати го сметале за свето.

Според легендата христијанскиот мисионер Бонифациј, кој подоцна бил прогласен за светец, во 723 или 724 година пресекол едно стебло за да им ја покаже на паганите супериорноста на христијанството над нивната религија – отсуството на реакција на паганските богови требало да им покаже на паганите дека треба да ја отфрлат нивната религија и да го прифатат христијанството. Тој успеал да ги придобие паганите, а моментот опишан во оваа легенда се смета за клучен за покрстувањето на Германите.

Обожувањето на дрвото било често меѓу европските пагани и главно го преживеало нивното прифаќање на новата религија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top