Даниел Кајмакоски ќе настапи на музичките награди Даф Бама во Хамбург

daniel-kajmakoski.jpg

Доделувањето на музичките награди Даф Бама ќе се одржи во сабота, 27-ми август во Баркликард Арена во Хамбург, Германија. Даниел Кајмакоски е поканет да настапи како претставник на Македонија и е номиниран за најдобар  машки изведувач, како и за наградата од публиката за најдобар изведувач.

На оваа значајна мултикултурна музичка манифестација ќе бидат наградени најуспешните музички имиња од Балканот, Медитеранот, Кавказ, Јужна Азија, Централна Азија, Африка и Блискиот Исток.

Покрај регионалните награди за најуспешните, ќе бидат доделени и награди во 8 категории: најдобра песна, албум, видео, соработка, машки и женски  изведувач, изведувач и дебитант.

Кајмакоски е номиниран за најдобар машки изведувач заедно со  7 врвни имиња: Алехандро Санз, Тицијано Феро, Мохит Чаухан, Ксавиер Наиду, Тамер Хосни, Дино Мерлин и Фархад Дарја.

Публиката може да гласа на http://www.bama-music-awards.org/#!main-voting/ko8da

Линк од видео од најавата за гостувањето на Даниел:

Daniel Kajmakoski live on stage at the Daf Bama Music Awards 2…Daniel Kajmakoski will be live at the Daf Bama Music Awards 2016.
Get Your Ticket Now : http://goo.gl/lRsKVV
�#DanielKajmakoski� �#DafBama2016� �#Hamburg� �#Germany�

Posted by Daf Entertainment on Saturday, August 20, 2016

На овој голем музички настан, чија идеја е да се зближат различните култури и музика, ќе настапат   голем дел од номинираните ѕвезди.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail