danska.jpg

Данска планира да изгради девет вештачки острови на југот на Копенхаген со цел да привлече претприемаштво на тој дел, објави владата во понеделник.

Новите девет острови ќе бидат наречени Холмене, а треба да креираат индустриски можности.

„Таргетирмае високо-технолошки компании, но секогаш ни требаат и такви кои произведуваат секојдневни продукти кои ги употребуваме во нашиот живот“. вели министерот за индустрија и бизнис, Расмус Јарлов.

Министерот за труд Троелс Лунд Поулсен го нарече проектот „визионерски“ и вели дека е поддршан од сесрце од владата.

„Ова ќе ни помогне подобро да го поврземе Копенхаген со регионите на запад и со остатокот од Зеланд. Копенхаген и околните општини се важен драјвер за цела Данска“. вели Паулсен.

Конструкцијата на деветте острови треба да почне во 2022 година, и ќе покрива област од три милиони квадратни метри, на 17 километри на брегот од Данска.

Првите парцели ќе се продадат во 2028 година, а проектот и финнансиските детали кои се уште не се дискутирани треба да завршат во 2040 година.

Целта е да се привлечат 380 компании во областа што се наоѓа близу аеродромот во Копенхаген.

Мислам дека ова може да стане еден вид Силиконска долина на Европа“, вели шефот на Данската стопанска комора, Брајан Микелсен.

Огромниот проект следи друг проект кој беше промовиран лани, со кој беше планирана изградба на нови домови на ниска земја северно од градот.

Тие куќи на вода, под име Линетхолмен, ќе изникнат во водите на Оресунд меѓу Рефшалеен и Нордхавн, при што таму ќе може да се вдомат 35.000 луѓе.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail