ДАРУВАМЕ – ПАТУВАМЕ , КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА КОУЗОН И СТУДЕНТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

Kouzon_CAM-4_main_20190515135319h.jpg

До посебно задоволство можеме да изјавиме дека денешната прва крводарителска акција , органзирана во просториите на Коузон – БЕШЕ УСПЕШНА.

Бројот на пријавените студенти и оние кои даруваа крв , ги надмина сите наши очекувања . Навистина беше пријатно , весело и спред се органзиран денешниот настан.

Во соработка со Црвениот Крст на Македоннија ( Општинска организација – Центар Скопје) и Институтот за трансфузиона медицина (http://itm.org.mk/ ) усшеавме да органзираме настан кој ќе остане во сеќавање на голем број на студенти .
Посебно им се заблагодаруваме на студентите кои за прв пат даруваа крв.

Задоволството од успешниот настан е ОГРОМНО ЗА НАС ОД КОУЗОН. Голем дел и од нашите колеги , без размислување даруваа крв.

НА ХУМАНОСТА И НЕМА КРАЈ.Убедени сме дека студентите кои ќе патуваат за Америка , преку програмата за летна студентска работа , ќе имаат можност да ја покажат својата хуманост и пред се позитивана енергија и во Америка.

Како награда за учеството во оваа акција на Коузон , ние на дел од студентите што денес даруваа крв ,ќе им порадиме КРСТАРЕЊЕ ПО РЕКАТА ХАДСОН ВО ЊУ ЈОРК .

Наша желба е оваа активност да продолжи и во годините што доаѓаат.
Убедени сме дека овој прв чекор може да стане традиција која Коузон со огромно задоволство ќе ја организира секоја година

Еве дел фотографии од денешниот настан.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail