Дарувањето на крв може да спречи појава на рак

krvodaritelstvo.jpg

Протокот и волуменот на крвта се неопходни за срцето да чука. Сепак, иако може да звучи контрадикторно, редовното дарување на крв може всушност да го подобри здравјето на срцето, а не да го изложи на ризик. Редовното дарување може да помогне за намалување на густината и лепливоста на вашата крв, со што таа полесно ќе тече низ крвните садови и побрзо ќе стигне до срцето.

Дарувањето на крв може исто така  да го намали ризикот за развој на рак кај донаторот. Железото, еден од главните минерали во крвта, е познат по зголемувањето на износот на штетата од слободните радикали во телото. Сепак, едно истражување од 2008 година покажало дека дарувањето помага во намалување на резервите на железо, а со тоа и намалување на индивидуалниот ризик за рак.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail