Даваат 600 евра, ама никој не сака да работи – Да се биде богат на село или сиромашен во град

rabota.jpg

Во градот нема што да се работи, а во село нема кој да работи, пишуваат српските медиуми и наведуваат дека во Војводина се бараат овчари за плата од 600 евра, но никој не сака да работи.

Дури и оние кои ќе прифатат таква работа не сакаат да зборуваат затоа што им е срам, пишуваат медиумите.

„Да се биде овчар значи да се живее на село, да се дружите повеќе со животни отколку со луѓе, а никој не сака да се врати на село, без разлика што ќе добива добра плата. Ние ја изгубивме битката за селото“ – вели Бранислав Гулан од САНУ.

Србија има 659.698 невработени, од кои една третина се млади, а повеќе од половина се со основно или со занает.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail