Дебата во Мултимедијалниот центар на УГД на тема „Иселувањето на младите од Источна Македонија“

9c73632108882509afb27f79aa256f3f_XL.jpg

Во четврток (13 декември)  во 14 часот, телевизија Телма организира дебата во Мултимедијалниот центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ во обид да одговори на прашањата: Зошто белата  чума ја нападна најмногу Источна Македонија? Од што се разочарани младите? Колкумина извадиле бугарски пасоши?  Зошто никој ништо не презема? Има ли државата стратегија за да заживее Истокот?

Во дебатата можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани, студенти, невладини организации и сл.

Сите кои сакаат да учествуваат ќе треба да бидат присутни во Мултимедијалниот центар 15 минути пред почетокот на настанот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail