Дебата за социјално претприемништво и промоција на 10 социјални претпријатија

Social-media-network-300x210.jpg

Business social media people network in a cloud of company speech bubbles colors.

Центарот за истражување и креирање политики во рамките на проектот кофинансиран од ЕУ и Град Скопје „Смарт Старт: одржливо влијание на граѓанските организации преку зајакнување на капацитетите за социјално претприемништво и иновации во Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Турција“ на 22.06.2017 (четврток) во х. Парк (зад Градскиот стадион) со почеток од 12 часот ќе ги промовира првите 10 трансформирани невладини организации во социјални, претпријатија кои ќе добијат стартап грант во износ од по 6.000 евра, како и 10-те Добри брендови кои ќе имаат улога на ментори и поддржувачи на социјалните претпријатија.

На настанот е предвидена и дебата на која ќе учествуваат министерската за труд и социјална политика, Мила Царовска, извршната директорка на ЦИКП, Марија Ристеска и европскиот херој во социјално претприемништво и директорка на „Барка“, Барбара Садовска. Во присуство на 10-те Добри брендови задолжени за општествена одговорност и маркетинг ќе биде доделен старт ап фонд во износ од 61.700 Евра на 10 невладини организации кои ќе се трансформираат во социјални бизниси и на тој начин ќе си ја обезбедат својата финансиска одржливост.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail