Децата, кои редовно извршуваат домашни работи ќе бидат поуспешни во животот

decaaaa.jpg

Доколку имате навика да ги штедите своите деца во домашните работи, можеби им правите голема штета. Имено научниците од Харвард утврдија дека децата, која работат домашни работи подоцна во животот имаат повеќе успех во кариерата и во меѓучовечките односи.

Студијата на харвардските научници, која траела дури 75 години, следела две групи луѓе, првата составена од 268 испитаници, кои завршиле на Харвард меѓу 1939 и 1994 година, а втората се состоела од 465 испитаници, кои пораснале во сиромашни квартови на Бостон.

Во текот на 75 години испитаниците се следени со цел да се воочи кои психолошки варијабли и биолошки процеси од детството и младоста влијаат врз здравјето и среќата во животот.

Еден од бројните заклучоци на научниците е дека испитаниците, кои како деца работеле домашни работи во животот биле посамостојни, поспособни за соработка и работа во група и посвесни дека извршувањето на домашните работи и другите потенцијално непријатни задачи всушност водат кон напредок.

Во суштина овие деца го развиле ставот „јас тоа го можам“, кој подоцна довел до нивниот упех на работа или во меѓучовечките односи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail