Децата што јадат риба се поинтелигентни и поздрави

rib.jpg

Децата кои јадат риба барем еднаш неделно, спијат подобро, а на тестот за интелигенција добиваат во просек по четири поени повеќе од оние деца кои што не јадат риба или јадат само понекогаш. – ова го пишува во најновите истражувања на научниците од Универзитетот во Пенсилванија, а пренесува Fena.

Во една студија во која беа опфатени 541 дете, беше констатирано дека децата кои еднаш неделно јадат риба на тестот за интелигенција постигнаа 4,8 поени повеќе од оние кои ретко или никогаш не консумираат риби.

Corbis

Оние чии оброци понекогаш вклучуваат риби достигнаа 3,3 поени повеќе, од оние деца што воопшто не конзумираат риба, а покрај тоа зголемената конзумација на риба се поврзува и со подобар сон т.е рибата помага при нарушен сон.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top