Децата во ова градче заработуваат и до 500 евра дневно

Децата во норвешкото градче Балстад секој ден ги сечат јазиците на бакалар (риба од северните мориња) а оние кои се најбрзи и на кои најдобро им оди во оваа хонорарна работа, можат да заработат дневница од дури неколки илјади круни.

Бакалар е инаку норвешки специјалитет и поради големата побарувачка за него, поради големиот извоз, и секако многу добра економска стабилност на државата, стотина деца имаат можност уште многу млади да се вклучат во оваа работа.

Најдобар во оваа работа, односно, најдобар во заработката, досега се покажал 16-годишниот Тргјав Петерсон кој ја раскажал својата приказна.

Огромна дневница

Неговиот татко е локален рибар кој го научил како најбрзо и најпрецизно да ги сече јазиците на бакалар. Затоа и не е чудно како Петерсон брзо напредувал.

„Кога почнав да ја работам оваа работа, исеков отприлика два килограми риба во еден ден. Затоа денес можам да обработам и до 80 килограми, а некогаш во еден ден заработувам и до 4 500 норвешки круни (отприлика 500 евра).

Додава дека оваа работа е многу добар начин младите да заработат пари како сами би си дозволиле некои нови работи, како мобилни, лаптопи или облека.

„Успеав да заштедам доволно за да отпатувам во Америка. Ќе уживам од Њујорк до Хаваи“, рекол Петерсон.

На возрасните не им е дозволено

Рибарите од Балстад веќе со генерации им подаруваат на децата глави од бакалар од кои тие ги изрежуваат јазиците заедно со брада и вилица па ги доставуваат до купувачите. За килограм јазик може да се добијат речиси 6 евра.

Велат дека децата од секогаш биле одговорни за овој вид на работа.

„На возрасните едноставно не им е дозволенода дојдат овде и да работат. Тоа е наша работа, наша традиција“, вели Јохан кој, исто така вака заработува.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top