Деканот проф. д-р Рубин Гулабоски одржа презентација на програмата Еразмус плус за студентите на ФМН

474d52ab97f559cf97024390d286c9cc_XL-1.jpg

Деканот на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Рубин Гулабоски, на студентите на ФМН им ги презентираше можностите што ги нуди програмата за Еразмус мобилност и размена на студенти – Еразмус плус. Според него, ова е прва презентација за Еразмус плус за учебната 2017/2018 година и фокусот е на медицински науки.

– Целта е оваа програма да добие што поголема масовност, студентите да ги дознаат потенцијалите и можностите на програмата, да знаат што ги очекува, каде да аплицираат, за кои универзитети, и кои документи им се потребни за аплицирање. Освен тоа, освен основните информации за програмата Еразмус плус, им пренесуваме и дел од искуството што го имаме од оваа програма и зошто е добро да ги користат овие програми за размена – изјави деканот на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Рубин Гулабоски.

Факултетот за медицински науки редовно одржува научни симпозиуми и конференции, па деканот Гулабоски ги најави и нив, како дел од активностите во кои можат да се вклучат студентите. Конкретните информации можат да се дознаат и од разговорот што го имате во прилог на оваа информација.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail