Dell ќе го претвора загадувањето во производи

gettyimages-611455319.jpg

Dell се обидува да направи нешто корисно со милионите тони пластика од САД кои секоја година завршуваат во океаните. Гигантот за електроника пред неколку дена објави дека стартува пилот програма со цел 25% од пластиката која се користи за популарните лаптопи XPS 13 2-in-1 да се добива од океаните.

Оваа нова иницијатива покажува дека има навистина глобална бизнис апликација за пластиката од океаните која ќе даде позитивни резултати и за бизнисите и за животната средина. Оваа иницијатива следува по студијата за изводливост која Dell ја спроведе во Хаити во 2016 година. Во текот на студијата партнерите на компанијата собираат пластика од океанот и ја комбинираа со друга пластика  во сооднос 25% пластика од океани и 75% пластични шишиња и кутии. Според компанијата, само годинава со оваа иницијатива ќе се исчистат повеќе од 7 тни пластика од океаните.

Dell очекува официјалната транзиција кој пластика од океаните за компјутерите XPS 13 да се случи на 30 април. Со цел да се осигура дека пластичните делови од лаптопите нема повторно да завршат во океаните Dell планира да ги направи од полиетилен кој лесно се рециклира.

Компанијата има долга историја на вклучување рециклирани материјали во производите и амбалажата. Од 2008 година досега Dell има вклучено рециклирана пластика во декстоп компјутерите, а од јануари годинава има нова цел за одржливост – до 2020 година да користи околу 23 милиони тони рециклирани материјали во производството.

извор: inovativnost.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail