Денеска се одбележуваат 124-години од смртта Григор Прличев

Grigor_prlichev.jpg

Денеска се одбележуваат 124-години од смртта на големиот поет и преродбеник Григор Прличев.

Григор Прличев е еден од најпознатите македонски писатели од 19 век. Роден е во Охрид во 1830, според едни, односно во1831 година според други податоци, каде и починал на 6-ти февруари 1893 година.

На 25 март 1860 година, Григор С. Прличев со поемата „Сердарот“, ја однесе првата награда на традиционалниот книжевен конкурс во Атина и бил наречен „Втор Хомер“. Во поемата се раскажува за смртта на македонскиот херој Кузман кој ги заштитува селаните од бандите на Гегите. Наградата не останува долго во негови раце, затоа што одбива да се изјасни како Грк.

Освен Сердарот, Прличев ја има напишано и „Автобиографијата“ која претставува битен историски документ за состојбата во Македонија за време на Отоманската империја во 19 век.

По повод 124 годишнината од смртта на Прличев, денеска ќе се одржи панихида на неговиот гроб, а предвидени се и бројни пригодни манифестации во културните и образовни институции кои го носат името на големиот македонски преродбеник. Во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“денеска ќе биде промовирано адаптираното издание на „Автобиографијата“ на Григор Прличев од Славе Ѓорго Димоски.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail