Денеска започнуваат уписите на УКЛО – слободни се 4095 места

rektorat-bitola.jpg

Пријавувањето на кандидатите за упис на УКЛО ќе се спроведува од денеска и ќе се одвива во наредните два дена заклучно со 17 август, информираат од Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола.

Објавувањето на преелиминарната ранг-листа ќе биде на 21 август, додеја објавувањето решение за прием на кандидатите ќе биде на 23 август. Кандидатите кои ќе бидат примени ќе може да се запишат на 24 август.

Според Конкурсот, во академската 2017/2018 година на прв циклус студии на УКЛО има вкупно 4095 места, од кои 2255 се во државна квота, 950 со кофинансирање и 890 за вонредни студенти.

Од УКЛО велат дека ширум ги отвораат вратите за сите заинтересирани кандидати и се целосно подготвени за новите студенти.

УКЛО ќе спроведе уште два уписни рока. Вториот уписен рок ќе се одржи на 1 и 4 септември, а третиот на 14 септември 2017 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail