Денови на финансиска писменост во „Skopje City Mall“

skopje-siti-mol.jpg

Од денеска, па во наредните три дена во City Mall започнува мултимедијален настан “Денови на финансиска писменост” којшто има за цел подигнување на нивото на општата свест за финансиска писемност и едукација на граѓаните, стои во соопштението.

Настаност е организиран во соработка со Координатвното тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија, НБРМ, Министерство за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, а учество ќе земат бројни финансиски институции како банки, брокерски друштва, пензиски фондови, штедилници, осигурителни компании, инвестициски фондови итн.

Мултимедијалните пултови ќе бидат отворени од 12 до 20 часот и на нив граѓаните ќе може да се информираат за сите финансиски параметри што се од нивен интерес, а ќе има и презентации на финансиски производи, како и забавна финансиска едукација за најмладите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top