Денови на вашето милениче се одржа во Градски Парк и во ЗОО Скопје

Denovi-na-vasheto-mileniche-se-odrza-vo-Gradski-Park-i-vo-ZOO-Skopje-scaled.jpg

Денови на вашето милениче се одржа во Градски Парк и во ЗОО Скопје

Традиционалниот културно-забавен настан “Денови на вашето милениче” се одбележа на 5-ти и 6-ти септември. Настанот се залага за совесна и одговорна грижа за домашните миленци преку која се промовира здравје кај луѓето преку грижа за животните.

Денови на вашето милениче започна на 5-ти септември од 11 часот во Градски парк поточно во паркот за миленици, и продолжи на 6-ти септември во Зоолошка градина, организиран од здружението ИВСА-Скопје во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, поддржано од Град Скопје.

„Нашата организација промовира одговорно сопствеништво со тоа што ги едуцираме луѓето за комплексноста на потребите на животните и нивното здравје и благосостојба. Се радуваме на огромната посетеност на настанот во текот на двата дена како и големиот интерес кај луѓето како сопственици и идни сопственици на миленици“ вели претседателката на ИВСА, Неда Кузмановска.

На студентите се придружија и занаетџиите од Мала Пажња и ЛенкаXMrDog, како и ветеринарните установи Vita Veta Vet, Шизика – груминг салон, Ветеринарна Клиника Ветеринар Д.К. – Бревница, Ветеринарна амбуланта – Ташковски и здружението за еколошка свеснот Еко-Свест кои во текот на двата дена имаа изненадувања за посетителите преку интерактивни едукативни игри.

Додека првиот ден беше резервиран за музика и информативни штандови, вториот ден од настанот вклучи и предавања од проф. д-р Јована Стефановска –  Паразити кај домашните миленици, проф. д-р Пламен Тројачанец – Кастрација и стерилизација на домашните миленици, проф. д-р Влатко Илиески – Благосостојба на животните, едукативно шоу со студентот Ненад Димковски – Херпетологија/терариум и поважни болести.

Извор: ФВМ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail