depresija.jpg

Кога познавате личност која минува низ депресија, треба да знаете дека депресијата не доаѓа како лошо расположение. Таа не е тажен момент или ден, туку многу повеќе од тоа.

Сите оние кои минуваат низ депресија се најтешките борци. За нив секој ден е огромна борба. Но, тие секој ден стануваат од спиење (самите знаат како), се справуваат со својата болка, со сето она што го чувствуваат. Луѓето со депресија одат на работа секој ден, ги исполнуваат сите свои одговорности и обврски, иако воопшто немаат мотивација за тоа.

Тие прават постојан напор за себе и за луѓето кои ги сакаат, но некогаш тоа е премногу за нив. Едноставното станување од кревет и облекување на алиштата е преголема борба некои утра. Тие се свесни дека можеби ги нервираат луѓето околу себе, но депресијата е болест, огромна темнина која го зафаќа нивниот дух. Ако порано биле луѓето кои постојано се смееле, тие не се исти повеќе.

Депресијата не е слабост, таа е темнина која го зафаќа нашиот мозок и ја гаси сета светлина и среќа. Многу луѓе постојано се трудат да избегаат од таквата темнина, но не е едноставно. Затоа, не им велете да престанат да бидат тажни, не им кажувајте дека треба да се насмеат. Тие веќе го знаат тоа, но не можат поинаку.

Тие се најсилните луѓе кои ги знаете. Не ја знаете нивната борба и никогаш нема да ја дознаете, но бидете трпеливи со нив. Не им судете и не им велете да се сменат. Помогнете им.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail