Десет годишна ученичка со оштетен вид ја објави првата своја поетска збирка

Jovana-Trajcevska-07.jpg
 Десетегодишната Јована Трајчевска, која е дете со оштетен вид и е штитеничка на училиштето за деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов” од Скопје, во својот роден град – Ресен, ја промовираше својата прва стихозбирка “Тајните на моето срце”. Малата Јована, се она што го преживува во нејзината детска душа, успеала да го преточи во ова нејзино поетско првенче.
Освен што пишува, Јована е и голем љубител на птици, па во текот на промоцијата, таа, на новата машина за пишување, која ја доби на подарок, ја напиша и најновата песна, посветена на малото папагалче, кое исто така го доби на подарок од хуманите посетители.Првата стихозбирка на храбрата и амбициозна Јована е печатена со финансиска помош на општината, но, и од повеке локални фирми и  компании.
Видео: СИТЕЛ
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail