Десет совети како да станете подобар студент

studenti_s_ledja.jpg

BIRMINGHAM, ENGLAND - JULY 14: Students pose for their official group photograph at the University of Birmingham as they take part in their degree congregations on July 14, 2011 in Birmingham, England. Thousands of students around Britain are taking part in their graduation ceremonies this week and will begin the search for employment, however according to recent studies there are currently 83 graduates applying for every one job vacancy. (Photo by Christopher Furlong/Getty Images)

Студентскиот живот носи многу убави моменти, но исто така и многу стресни ситуации и проблеми кои го отежнуваат и доведуваат до предвремен крај на академската кариера. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат не само да станете подобар студент, туку и ќе ве научат, како да  најдете време за забава, како да се соочите со неуспехот и да ја пренасочите нервозата во позитивна насока.

Запознајте ги вашите колеги – Додека чекате предавања или испити во големите сали на факултетот, зближете се со своите колеги. Постигнувањето на добар успех во голема мера ќе зависи од врските кои ќе ги воспоставите во текот на студирањето и најверојатно ќе ви бидат од голема корист и после завршувањто во текот на професионалната кариера.

Создадете рутина – Ако учењето стане рутина, како миенето заби во утринските часови, се ќе оди полесно за вашиот мозок да функционира подобро кога постојано добива нови информации.

Првото предавање е многу важно – Многумина го сметаат за само вовед во предметот како нешто што и не е толку важно. Сепак, ова прво предавање може да ве инспирира и да ви даде дополнителна мотивација да присуствувате на други предавања.

Запознајте ги вашите професори – Истражувањето покажа дека главната причина за неуспешно воспоставување и развој на односите на студентите со професорите е непостоењето на волја и отпор кај студентите. Обидете се да разговарате и да ги запознаете вашите професори во првите денови на студирање, бидејќи тоа многу ќе го олесни вашето студирање.

Немојте да го правите студирањето потешко отколку што е – Треба уште на почеток да разберете дека не сте одлучиле да дојдете на факултет само за да се оделите од своите родители туку и да посветите извесен период на предавање, читање и учење, што и не е толку страшно.

Добар план + дисциплина = доволно време за забава – Можете да се забавувате ако ви остане време, а слободно време сигурно ќе ви остане ако сте  добро организирани при извршување на вашите факултетски должности.

Слободно можете да се нервозни – Не е ништо страшно да се разбудите во четири наутро или воопшто да не спиеете во текот на ноќта пред испит и да размислувате за тоа дали сте научиле и дали ќе биде се како што треба на испитот.

Падот понекогаш е неизбежен, но важно е да не очајувате – Не се споредувај со другите и не го мери твојот успех или неуспех со другите студенти. Ако паднеш, немој да го сфатиш тоа како нешто многу ужасно, туку да се фокусираш на сопствените цели за да се подобриш и да не дојдеш во слична ситуација.

Успехот е секогаш прашање на неколку фактори – Бидете скромни и задоволни со положените испити. Ќе сватите дека понекогаш дури и шеска на испитот е еден чекор поблиску до дипломирањето

Факултетот е тежок. Животот е тежок – Бидете храбри, но и реални со себе – ако сакате да успеете и  постигнете резултат, бидете сигурни дека тоа ќе бара некои жртви кои и не се така мали.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail