ДХЛ Експрес Македонија Дооел Скопје, објавува оглас за вработување на:
Финансов Администратор во ДХЛ Фреит
Работното место се однесува на определен период од една година
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција од најмалку една година
- Задолжително познавање на работа со компјутери (MS Office пакет програми)
- Познавање на Англиски јазик (усна и писмена комуникација)
- Поседување на возачка дозвола Б-категорија
Одговорности и задачи:
- Помага и го оддржува развојот и достигнувањата на компаниските цели;
- Работи на задржување на постоечките клиенти, како и добивање на нови клиенти;
- Организира издавање на фактури, како и архивирање на документацијата во регистри;
- Проверка и наплата на доспеани побараувања од клиентите;
- Известување на клиентите за патот на пратките;
- Контакт и комуникација со адвокатската канцеларија;
- Подготовка и креирање на извештаи во согласност со компаниските стандарди и локалните законски норми;
- Грижа за корисниците на услугите;
- Следење на доспеани побарувања и наплата на побарувањата;
- Организирање и менаџирање на сите плаќања кон добавувачи;
- Анализа на приходите и трошоците во компанијата;
- Регистрирање и решавање на евентуални жалби и поплаки од наши корисници на услуги.
Сите заинтересирани кандидати ги покануваме да аплицираат преку испраќање на професионална биографија (CV) вклучувајќи и писмо за мотивација, на следната e-mail адреса: [email protected]
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор на селекција!