DIGIT работилница

72398654_1603229343181148_4948194958017298432_n.jpg

DIGIT (Design and Interactive Graphics in IT) е петдневна работилница од едукативен карактер на која можат да земат учество сите оние кои се “жедни” за нови знаења, без разлика на претходно искуство.

Низ текот на овие неколку години сведоци сме на повеќе успешни изданија на настанот чија примарна цел е подетално запознавање на студентите со дизајнерскиот аспект и корисничкиот интерфејс на еден Веб сајт, настан на кој се изучуваат најактуелните технологии, од кои би имале најмногу полза како иден програмер. Тој настан се одржува и оваа година, по 5-ти пат, во периодот од 28 октомври до 1 ноември, во просториите на Intertec во Скопје.

Тема на овогодинешната работилница се социјалните движења, каде учесниците ќе имаат шанса да ја вклучат својата креативност и да го изнајдат најоптималното решение на зададениот проблем, секако со претходно техничко спремање од страна на искусни ментори од таа област.

За таа цел, ги повикуваме сите заинтересирани да се пријават на формата во описот на долунаведениот настан, а за најредовните, и воедно најуспешните, се доделува 2 ЕКТС кредити, како награда за вложениот труд.

Рокот за пријавување е до 22 октомври. Бројот на учесници е ограничен.

Линк до настанот: https://www.facebook.com/events/925607811116844

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail