Дипломираше тринесеттата генерaција на УЈИЕ

picture1543.png

На овогодинешнава церемонија присуствуваа министерот за образование на РМ, г. Пиштар Љутфиу, амбасадорот на Кралството Холандија Н.Е. Ваутер Пламп; претставници од Амбасадата на САД во Македонија; поранешниот претседател на Хрватска Иво Јосипович и други истакнати гости.
„Денес, јас нема да зборувам за заедничкото патување во текот на вашите студии на Универзитетот туку ќе се фокусирам на иднината, на предизвиците кои ве чекаат и на бремето на надежта кое без ваша вина ќе го носите за подобра иднина…“, рече ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика.
„Ние дизајниравме и обезбедивме знаења за вас, ви помогнавме да развиете вештини и комптенции за да можете да креирате и да дејствувате во вакви временски контексти. Интерактивниот пристап, вештините за решавање проблеми и фокусот на критичкото размислување се алатките кои вие ги добивте од овој Универзитет, а кои ќе ви помогант да изнајдете решенија за нашите предизвици. Претприемничкиот дух и чувството за општествена одговорност за вашето учење на кое ние внимававме во текот на овие години на студии ќе бидат предуслови за да ги направите вистинските промени во овој општествен систем кој тековно е разместен од западноевропските стандарди“, додаде Дика.
Министерот за образование и наука на Р.Македонија, г. Пиштар Љутфиу рече: „Се чувствувам привилегиран што сум дел од оваа церемонија, прво како поранешен студент од Универзитетот, а второ како министер за образование.
„Денес заврши долгото патување за вас, а од утре започнува друго подеднакво важно патување. Ви посакувам здравје, среќа и успех во вашата професионална кариера, убеден дека вие ќе дадете голем придонес за нашава држава“, забележа министерот Љутфиу.
Амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Ваутер Пламп рече дека тој како амбасадор на Холандија се чувствува горд што зборува на оваа институција, која е дел од наследството на Макс ван дер Штул.
„Секогаш ми причинува задоволство кога се обраќам на млади луѓе, бидејќи на вашите лица ја гледам иднината, не само на Македонија, туку и иднината на Европа, нашата заедничка иднина. Ова задоволство е дури и поголемо затоа што им се обраќам на млади луѓе кои постигнале важен успех во своите животи, како овој – стекнување универзитетска диплома“, забележа амбасадорот Пламп.
Во името на најдобрите студенти од генерацијата, Флорина Хасани и Билјана Павловска се обратија на публиката.

За уметничкиот дел од церемонијата беа ангажирани Елита 5, хорот од Тетово и познатиот гудачки квартет од Скопје.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail