Директор од Google открива што е најважно на разговорот за работа

campus-google-644x362.jpg

Кога станува збор за разговорот за работа, главно се потпираме на советите од истражувањата, подготовките, знаењето, но и среќата. Меѓутоа, Петер Ропер, директорот за мобилна стратегија во Google, истакнува дека е најважно да се поврзете со потенцијалниот работодавец.

 

Кои се вашите слабости? Каде се гледате за пет години?, се прашањата на кои е најлесно да одговорите, но според Ропер, тие воопшто не се важни.

Наместо тоа, тој тврди дека поврзувањето со рабодавецот е значително поважно. Ропер преферира прашања како што се најомилената боја, најлудата работа која сте ја направиле и работи кои се наоѓаат на листата со нешта кои сакате да ги направите.

Овие невообичаени теми на разговорот за работа ги охрабруваат луѓето да ги споделат своите страсти и желби, што разговорот го прави интересен.

Работодавецот по разговорот ќе има прилика навистина да разбере каква е личноста, кои се нејзините страсти и што ја интересира. Нашите најпродуктивни работници се оние кои се среќни, вели Ропер.

Значи, при наредниот разговор за работа неместо извежбаните одговори потрудете се работодавецот навистина да ве запознае и да му понудите нешто уникатно.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail