Директорот на „Епл“ – Има работи што нема да му ги дозволам на мојот внук, а меѓу нив се и социјалните мрежи

tom.jpg

Извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, е последен во низата технолошки бизнисмени што предупредија на потенцијалниот ризик од социјалните медиуми.

„Немам деца, но имам внук на кој му одредив некои граници. Има работи што нема да ги дозволам, а меѓу нив се и социјалните мрежи“, изјавил Кук. Тој не застанува само на социјалните медиуми, туку рекол и дека не верува во идејата дека најдобри технологии се оние со кои сме веќе опседнати.

„Не верувам во прекумерна употреба на технологијата. Не сум некој што ќе рече дека сме постигнале успех ако постојано ја користиме“, објаснил Кук.

Директорот на „Епл“ се приклучил на сега веќе многубројни познати лица од светот на технологијата што во последните години изразија загриженост поради негативното влијание на технологијата врз нашите животи, посебно од страна на социјалните медиуми.

Првиот претседател на „Фејсбук“, Шон Паркер, призна дека му помогнал на Марк Зукерберг да изгради „чудовиште“, изјавувајќи дека само Бог знае „што тоа им прави на мозоците на нашите деца“. Уште еден поранешен функционер во „Фејсбук“, Чамат Палихапитија, истакна дека социјалните мрежи можат да го уништат општеството преку „краткотрајни допамински импулси“. Тие се само двајца меѓу многуте загрижени поради ефектот што го имаат друштвените мрежи врз секојдневниот живот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top