Дишете како чадори: Волшебна вежба што ќе ви помогне да се ослободите од стресот

cador.jpg

So much fun from summer rain

Имате 100 непрочитани имејлови, децата ви се настинати и доцните на вашиот лекарски преглед. Последното нешто што ви паѓа на памет е да внимавате на вашето дишење. Но, треба да знаете дека само едно мало прилагодување на вашето дишење може да го намали стресот, да ви ја зголеми енергијата, да ви ги зацврсти стомачните мускули и да ја зголеми количината на кислород што ја вдишувате за само неколку секунди.

Станува збор за „дишење како чадори“ или „umbrella breathing“. Звучи чудно, се согласувате? Можеби, но навистина делува. Еве како функционира: Замислете си дека целото ваше тело е затворен чадор. Вашите стапала се дршката, а вашата глава е врвот на чадорот. Како што вдишувате, дозволете му на воздухот да се шири од страните како кога отворате чадор. Додека издишувате, затворајте го чадорот.

Оваа кратка визуелизација ќе го забави вашето дишење и ќе им помогне на белите дробови да го искористат целиот нивен капацитет.

Повторувајте ја вежбата неколку минути додека не се чувствувате посмирено и поенергично.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail