Дискусија за вклученоста на младите во јавниот живот

132733858-93184-1.jpg

Поттикнување на младите за нивна поголема вклученост во сите сфери од јавниот живот е целта на денешната дискусија „Предизвици и патокази за социјална, економска и политичка вклученост на младите во Македонија“ што се одржа во Струга во организација на невладините организации „Порака Нова“ и „Младиинфо“.

Координатор на проектот „Средиште на младински банки на Западен Балкан и Турција“ во чии рамки се одржа дискусијата, Марија Матовска смета дека треба уште многу да се работи со младите во земјава за да се поттикнат да размислуваат дека навистина можат да направат промени во сите сфери на општествено живеење.

– Да позборуваме за младинската вклученост во сферите на економијата, политичката и социјалната. Ова е тема за која многу е зборувано, но треба да бидеме свесни дека уште многу трба да се работи. Експертите денеска ќе разговараат со младите во Струга со цел да се поттикнат да размислуваат дека навистина може да имаат глас и можат да направат промени во вработувањето, економската инклузија, политичко вклопување и носење младински одлуки…, истакна Матовска.

Според неа идејата е да им покажат на младите дека може да успеат да изградат поубаво општество.

Панел дискусијата во Струга се одржа во рамките на регионалниот проект „Средиште на младински банки на Западен Балкан и Турција“, кој ќе се одвива во Србија, Албанија, Македонија и Турција, а со локална поддршка од невладината организација „Порака Нова“, со поддршка од Европската комисија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail