Диви свињи се спуштаат кон Скопје

divi-svinji-650x387.jpg

Диви свињи се симнуваат од планината по потрага по храна и ги плашат жителите на Водно. Жители од елитната населба објавуваат видеоснимки на кои се гледа како дивите свињи бараат храна во грмушките до улицата „Тодор Александров“, но и околу станбените згради.

Ловџии за Сител велат дека дивите свињи можат да се спуштат и во град кога бараат храна, но тие сѐ уште не регистрирале случај диви свињи да се спуштат долу во Скопје. Во потрага по храна, дивата свиња мошне често поминува големи растојанија, па така за една вечер може да помине околу 40 км. Дивите свињи брзо трчаат, а се и добри пливачи. Главно се задржуваат по рабовите на шумите. Сештојади се, а во овој период од годината се хранат со желади.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека диви свињи отсекогаш имало на Водно, а со прогресивната урбанизација се стеснува нивната животна средина.

И досега имало примери диви свињи да се приближат до урбана средина, но тоа се случува исклучиво доцна навечер бидејќи дивите свињи се ноќни животни. Опасноста од нив е минимална бидејќи кога ќе насетат човек, бегаат.

Целата  вест може да ја прочитате ТУКА

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail