Дизајн излози во Францускиот институт со отворање на изложбата „ДеликАРТесна продавница“

POZADINA_ARTDESIGN.jpg

Францускиот институт во Скопје и Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје имаат чест да ве поканат на отворање на изложбата „ДеликАРТесна продавница“ во вторник, 8 мај 2018, во 18:00 часот, во просториите на Францускиот институт во Скопје. Францускиот институт го продолжува, преку оваа манифестација, циклусот ИН Витрини во рамките на којшто се претставија Школата за стилизам и моделизам „Изет Цури“ и Институтот за моден дизајн при Технолошкиот факултет во Скопје.ДеликАРТесна продавница“ е изложба на студентите на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Скопје, од катедрите за моден дизајн, графички дизајн и дизајн на ентериер.

Изложбата претставува интересен спој на модни креации и дизајн решенија произлезени од сите три катедри, од наставната програма на Факултетот за арт и дизајн, под менторство на наставниот кадар: Проф. д-р Јана Манева – Чупоска (Декан), Проф. д-р Гордана Вренцоска (Продекан), Вон. проф. м-р Зоран Ѓурески, Вон. проф. м-р Маја Кировска, Вон. проф. м-р Христијан Санев, Доц. м-р Маја Ѓуреска, Доц. м-р Благојче Наумовски, Доц. д-р Иванка Апостолова, Доц. м-р Дејан Ивановски, Асс. Александра Јовановска, Асс. Екатерина Намичева и Елена Макаровска.

Изложбата ќе ја отворат г-дин Емануел Рембер, Советник за култура и соработка во Амбасадара на Франција и Директор на Францускиот институт во Скопје, и проф. д-р Јана Манева-Чупоска, Декан на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Скопје.

Настанот се организира во соработка со Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail