„Дизајн што продава“ е три-дневен настан кој претставува стимулација за младите претприемачи и брендовите во развој во Македонија. Учеството и програмата им помагаат на сите учесници да развијат поиновативен пристап до пазарот, основаат здрава комуникациска стратегија, да ја зголемат нивната конкурентност преку мудри и креативни одлуки што резултира со зголемување на продажбата како на домашен така и на странски пазар.
Честопати се прашуваме која е причината што младите претприемачи од Македонија не успеваат да ги дигнат своите брендови на ниво на национални или регионални? Дали причината е домашниот пазар или недостаток на одредени вештини кои не се стакнати за време на образованието, или пак постои друга причина? Дизајнерите, а особено младите дизајн брендовите кои нудат производ, видно заостануваат зад млади брендови во регионот.
Во период 17 – 19 март, Јавна соба ќе биде центар за размена на деловно – практични искуства помеѓу успешни дизајнери, комуниколози и маркетинг експерти кои имаат огромно практично искуство кое им е во овој момент нужно на младите претприемачи од Македонија. Програмата e целосно насочена им помогне на младите претпримачи да развијат поиновативен пристап до пазарот, основаат здрава комуникациска стратегија, да ја зголемат нивната конкурентност преку мудри и креативни одлуки што резултира со зголемување на продажбата како на домашен така и на странски пазар.
Настанот е отворен за јавноста, влезот е слободен за време на предавањата, а програмата нудии дополнителна можност за тет а тет средби и соработка со дизајнери и маркетери од регионот, кои работат за едни од највлијателните брендови во индустријата (Србија Телеком, Просторија, Гир) и кои знаат дека дизајнот ја игра највлијателната улога во процесот на креирање бренд, пораката која се испраќа на клиентите и градењето на стабилна врска со истите.
Настанот „Дизајн што продава“ е во организација на Јавна соба и Grow up Academy, и е поддржан од страна на Swiss Contact.
Повеќе информации за тоа како да се ПРИЈАВИТЕ на: [email protected] и https://
Facebook Event: https://www.facebook.com/events/289354224815258/