notre-dame1.png

По стравотниот пожар кој уништи голем дел од париската средновековна катедрала Норт Дам или Богородичната црква од Париз, францускиот премиер најави планови за архитектонски натпревар и модерен редизајн на катедралата. Досега видовме еден интересен предлог од француската компанија Vincent Callebaut Architectures, а сега следува друг интересен редизајн од компанијата Eight Inc., кој замислува обнова на кулата и на покривот со стакло.

Eight Inc. предлага покривот и едната кула на Нотр Дам да се реновираат целосно од стакло. Сите декоративни елементи, вклучувајќи ги и статуите, ќе бидат вратени, а ноќе ќе биде целосно осветлено. Компанијата која го предлага ова е дизајнер на оригиналните продавници на Apple Stores и сака структурата целосно да биде од стакло за да не се наруши ефектот на прозрачност.

Градежното стакло нема да може да се уништи од насилници кои фрлаат камења, нема да го уништи град, иако ќе биде предизвик големата тежина. Дури и ако архитектите одлучат да направат план за оваа градба, не е познато каква форма ќе има новата Нотр Дам..

извор: inovativnost.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail