Дизелот поевтинува

gorivo-voda.jpg

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,25, односно за 2,35 отсто.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 65, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, 67 денари за литар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 50,5, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 39 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,319 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 5,636 денари за килограм.

Како причина за намалувањето на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 1,71 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 2,27 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail