Дневница над 7.000 денари ! Несекојдневен оглас за вработување !

natooo1-1.jpg

НАТО објави оглас за вработување на 120 лица – Дневница 120 евра!

Властите во Берлин објавија оглас дека НАТО бара статисти кои за 120 евра дневно, ќе изигруваат Авганистанци за време на обука на американски војници во Германија.
Предност е да се знае полски, чешки или руски јазик.
За време од две недели ќе имаат обврски да се маскираат во Авганистански овчари, продавачи, претставници на локални власти и да учествуваат во обука на американски војници во преговори со локални цивили и да решаваат низа ситуации за време на операции на терен.
– Тоа ќе овозможи сценариото за вежбање и обука за војници да биде близу реалното, а со тоа и оптимална подготовка за мисија во странство, се вели во огласот во Берлин.
За потребите на обуката во Германија „ќе никнат“ 10 авганистански села, со 10 до 30 куќи секое. Статистите покрај знаење на англиски и германски јазик ќе мора да бидат отпорни на стрес и да бидат „тимски играч“.
За време на тие две недели, „вработените“ ќе мора да останат во своите села, нема да може да користат мобилни телефони, таблети и компјутери. Мора да стануваат рано наутро како што е вековна традиција на овчарите во Авганистан.
МИА
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail