До 2019 година ќе овозможи вселенски Интернет за сите жители на Земјата

Elon-Musk-Dragon-V2-unveiling-1024x663.jpg

Илон Маск, директор на компанијата SpaceX, соопшти дека со 2019 година ќе овозможи вселенски Интернет или Интернет поддржан од сателити. Намерата на компанијата е да ја опкружи Земјата со илјадници сателити кои би овозможиле пристап до Интернт за сите луѓе на Земјата.

Компанијата планира да испрати прототип на сателитите во вселената уште годинава, а во 2018 година ќе испрати уште еден. Овие прототипови ќе покажат како е возможно со класично направени сателити да се обезбеди вселенски Интернет за жителите на Земјата, а во 2019 година SpaceX ќе ја почне изградбата на целосната интернет-мрежа.

Планот е да се лансираат точно 4.425 сателити во орбитата на Земјата на прилично мала визина од 1.110 до 1.325 километри. SpaceX планира да изгради и контролен центар и други објекти на Земјата од каде што ќе ја следи работата и функционалнсота на сателитите.

Овој проект на Маск е особено значаен затоа што безжичен Интернет ќе добијат и неразвиените земји кои уште ја немаат потребната инфраструктура за на жителите да им обезбедат пристап до интернет-мрежа. Сателитите на SpaceX ќе овозможат пристап до Интернет за најоддалечените и најсиромашните земји во светот.

извор: inovativnost.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail