До 2020 светот ќе добие летечки такси возила

taksi.jpg

Откако „го размрда“ пазарот со услугата за изнајмување превоз, следна цел за наредните три години на Убер Tекнолоџис е – освојување на небото, и тоа со летечи такси возила.

– До 2020 година се планирани тестирања во Далас и во Дубаи. Целта е по три години да можеме да почнеме со продажбата, изјави главниот производствен директор на компанијата, Џеф Холдон на конференцијата која се одржа деновиве во Далас.

Летечките таксија на Убер ќе бидат мали, тивки електрични превозни средства, коишто ќе полетуваат и слетуваат вертикално, без никаква емисија на штетни материи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail