До 2025 година „BMW“ ќе произведува само електрични автомобили

bmw-e1481626214655.jpg

Неодамна од германскиот гигант „BMW“ најавија дека сите нивни возила ќе бидат електрични во текот на наредните десет години. Германскиот производител инвестираше многу пари и време во својот Project i, односно посебен оддел од компанијата посветен на изградба на еколошки фабрики каде што се прават возила кои возат на алтернативни горива.

До 2025 година брендот сака сите свои модели да ги претвори во електрични. „Автомобилите ќе имаат посебни електрични мотори за придвижување на предните и задните тркала, а мал мотор на бензин ќе служи за генерирање електрицитет за продолжување на животот на батериите“, велат од компанијата.

Првите два електрични автомобили од Project i, електричната верзија на „i3“ и суперавтомобилот „i8“, исто така имаат добри резултати на пазарот – „i3“ е четврт најпродаван електричен автомобил во САД.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail