До 2030 година ќе се роботизираат меѓу 400 и 800 милиони работни места

robotiii.jpg

Глобалната консултантска куќа Мекинси објави проценка дека до 2030 година работните места на меѓу 400 и 800 милиони луѓе ќе бидат роботизирани.

Компанијата ги анализираше состојбите во 46 држави и во 800 различни професии.

Најголема експанзија на употребата на роботи се очекува во поразвиените држави. Се проценува дека секој трет граѓанин на Германија и САД може да биде зафатен од тој процес на инсталирање роботи да ги вршат тешките, повторувачки работни задачи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail