До диплома гладни, жедни и без кров над главата: Истражување за тоа како живеат студентите во САД (ВИДЕО)

DIPLOMA.jpg

Се поголем број на американски студенти се мачат со глад и бездомништво, покажало новото истражување на непрофитната организација “Hope Center for College, Community and

Нивното истражување вклучило повеќе од 167.000 студенти.

Загрижувачки е податокот дека речиси половина од учесниците во истражувањето изјавиле дека во периодот од еден месец пред анкетирањето барем еднаш искусиле “неизвесност дали ќе можат да купат нутритивно задоволителна храна, односно дали ќе можат да ја набават на социјално прифатлив начин”. Околу 50 проценти од студентите во анкетата изјавиле дека се плашат дека ќе останат без храна пред да можат да купат нови производи. 30 проценти од студентите не јаделе кога биле гладни, бидејќи не можеле да си дозволат.

Станбеното прашање исто така е голем проблем. Дури 18 проценти од младите на изјавиле дека се бездомници. Некои навеле дека живеат кај роднини или кај пријатели, или пак дека спијат по туѓи каучи, додека други навеле дека живеат надвор, по засолништа или кампови.

Сето ова, пишува “Business Insider”, е последица од се поголемите трошоци за студирање. Имено, школарината од 1980-тите години речиси се дуплирала, а резултат од тоа е рекордно висок студентски долг. Според “Student Loan Hero”, он-лајн платформа која дава подршка во отплатата на студентските кредити, вкупниот студентски долг во САД надминал 1,5 милијарди долари, додека просечниот студентски долг по дипломиран студент во 2018-та година изнесува 29.800 долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail