mobilen.jpg

Светскиот ден на „Интернет на нештата“ (Internet of Things – ИоТ), се одбележува денеска, а според проценките говорат дека до крајот на оваа година во светот ќе има 26 милијарди уреди поврзани на интернет.

ИоТ е еден од носечките елементи на четвртата индустриска револуција. Тој концепт е поставен пред точно 20 години и се заснова на идејата – пасивните нешта да се претворат во интелигентни, смарт, „паметни“ ентитети коишто ќе можат, со помош на интернетот, да разменуваат информации. Комуникацијата се одвива на повеќе нивоа и денес веќе ги пречекорува вообичаените граници на функционирање на уредите и физичкиот свет околу нас. Со други зборови, вмрежените паметни уреди имаат способност да собираат информации, да „почувствуваат“ и да ги пренесат истите за да можат некои други уреди или луѓе да направат нешто со тие информации.

„Интернет на нештата“ е всушност поврзување на секојдневните предмети во современото живеење.

– ИоТ најчесто потсеќа на така наречените паметни згради и домови. На пример, куќа која самата ја подесува светлината и оптимална температура во просториите. Или пак, кога со паметниот телефон го управуваме шпоретот и готвењето, но и кога тој самостојно нѐ известува дали децата пишуваат домашно или гледаат телевизија – објаснува Јан Келер од компанијата Намикс.

Концептот „Интернет на нештата“ 1999 година го дефинирал британскиот инженер Кевин Ештон.

Според „Форбс“, до крајот на 2019 година, во 20-та година од создавањето на самиот концепт, 85 отсто од компаниите ќе функционираат врз основа на ИоТ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail